Актерката од серијата „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија потврдила дека се забавува со рагби играчот Марк Санчез, пренеле американските медиуми. Актерката вестите му ги кажала на водителот и нејзин пријател Марио Лопез, по што следувало прашањето дали се заедно, на што актерката потврдно одговорила.

Рекла дека обајцата се среќни што се забавуваат. Лонгорија неодамна ја прекинала врската со младиот брат на Пенелопе Круз, Едуардо. Претходно се развела од познатиот кошаркар Тони Паркер.