Ева Мендез е во блажена состојба. Атрактивната актерка, според пишувањето на американските таблоиди, е во седмиот месец од брменоста, а татко на детето е Рајан Гослинг, со која е во врска од 2011 година. Парот врската внимателно ја криеше од јавноста, а истото важи и за првите приказни околу бременоста.
Извор близок до парот вели дека Ева веќе некое време е спремна за мајчинство и е воодушевена од бременоста, посебно затоа што е влезена во петтата деценија од животот и не очекувала да забремени. Рајан не мисли дека би требало да се венчаат само затоа што чекаат бебем но рекол дека секогаш ќе биде покрај своето дете без оглед на се, бидејќи пораснал без татко. Ева и Рајан се забавуваат три години, а во последно време често се караат и повторно се мират.