Атрактивната актерка Ева Мендез изјавила дека јаде риба како би имала убава кожа, и дека со години не јаде месо бидејќи е на диета. Холивудската ѕвезда пред неколку години престанала да јаде месо, и пие по три литри вода секој ден.
Таа рекла дека јаде многу риба, и забележала дека кожата и е многу поздрава и поубава. Освен тоа, редовно тренирала и се трудела да испие што е можно повеќе вода. Актерката која има 38 години е во врска со Рајан Гослинг.