Руската полиција во понеделникот поради вибратор ја евакуирала зградата на поштата во руската република Карелија. Еден од службениците во поштата пронашол сомнителен пакет од кој се слушало зуење. Повикал полиција мислејќи дека станува збор за бомба.
Специјалната единица за експлозиви брзо пристигнала и ја евакуирала целата зграда. Во пакетот пронашле обичен вибратор, за кој од полицијата тврдат дека случајно се вклучил. Портпаролот на полицијата изјавил дека пакетот ќе го вратат на испраќачот.