Сите вработени и посетители во трговскиот центар „Сити Мол“, попладнево, беа евакуирани. Според информациите на телевизија Телма, вработените раскажувале дека одеднаш на разглас се слушнало „внимание, веднаш напуштете го трговскиот ценатар“ и на англиски и на македонски јазик. Луѓето во паника почнале да трчаат кон излезите на центарот. Во околината на Сити мол попладнево има метеж, полициски автомобили, а автобусите и целиот сообраќај беше пренасочен. Кај објектот се забележани и екипи од Брза Помош и Против -пожарни екипи.

Според полициси извори на Телма, пратена е СМС порака до обезбедувањето со лажна дојава за поставена бомба во шопинг центарот. Се уште се испитува од кој провајдер е пратена пораката. Спред истите извори, вакви пораки со вознемирувачка и лажна содржина испратени се и на други лица. Истрагата е во тек.

OhridNews

извор:Телма