Сите туристи кои поради снежното невреме беа заглавени во Ски центарот Кожуф се евакуирани, информираат од Центарот за управување со кризи.

Евакуацијата се изврши со специјални возила – ратраци.

Екипи на ЈП Македонија Пат и ски центарот продолжија со расчистување на завеаниот пат во должина од 12 километри, каде снежните наноси на места достигнуваат и до 5 метри.