Манчестер Јунајтед престана со купување на фудбалери и започна да се ослободува од играчите кои не се во план на менаџерот Луис ван Гал.
Прв на листата се најде Џони Еванс кој од Олд Трафорд доби карта во еден правец. Репрезентативецот на Северна Ирска најверојатно ќе го засили тимот на Вест Бромвич Албион.
21-годишниот Тејлор Блекет кој минатата сезона дебитираше за „ѓаволите“ во Премеир лигата ќе оди на калење во шкотскиот шампион Селтик.
Блекет ќе помине една сезона во Шкотска, а потоа ќе се врати во Јунајтед и ќе се бори за место во првата екипа.
Ohridnews