Во Охрид наскоро ќе започнат работите за подигнување на спомен обележјето посветено на Водици, кое ќе биде подигнато со донација на сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“, и кум на Водици во 2012 година, д-р Ванчо Чифлиганец“. 

Веќе е изготвено идејното решение за изгледот на споменикот, кое во наредниот период детално ќе биде разработено.

Според најавите постаментот на споменикот ќе биде готов до големиот христијански празник Богојавление, а во првата половина на 2014-та година ќе биде поставен споменикот во центарот на Охрид.

OhridNews