Сезоната на подготовка на зимница е во полн ек. На зелениот пазар во Охрид најактуелна е ајварката која во моментов може да се купи по цена од 25 до 30 денари за килограм. Доматите чинат 35-40 денари, морковот 30-40 денари, краставицата за зимница 50 денари, додека кромидот и компирот се продаваат по цена од 25 денари за килограм.

Лукот е меѓу најскапите намирници на пазарот и чини помеѓу 120 и 150 денари за килограм, а  висока е и цената на гравот кој се продава за 150-200 денари за килограм.

OhridNews