Градењето на марина во Студенчишко блато претставува голема грешка сметаат читателите на OhridNews. Дел од нив се на мислење дека темата бара повеќе информации и анализи, додека дел смета оти градењето на марина во Студенчишко блато е одлична одлука.
Локалната самоуправа неодамна објави дека на потегот помеѓу каналот Студенчишта и некогашниот хотел “ Парк“ ќе никне туристичка развојна зона каде ќе се гради марина со придружни објекти по пат на јавно приватно партнерство. Идејата била разгледана на работна средба во Министерството за транспорт и врски. Во образложението се наведува дека овој неурбанизран простор одговара на потребите и дека истиот ќе биде опфатен со измените во Генералниот урбанистички план. Со измените, како што објаснија од локалната самоуправа, се остава простор за ревитализација на дел од уништеното Студенчишко блато.
Спротивно на најавите на локалната самоуправа, Министерството за животна средина информира дека се изготвува проект за заштита на Студенчишко блато и дека се уште се работи на него.
OhridNews
СЛЕДНО АНКЕТНО ПРАШАЊЕ НА OHRIDNEWS: Каков пласман ќе оствари македонската ракометна репрезентација на СП во Катар?












