Пред речиси два месеца контејнерите од булеварот „Туристичка беа дислоцирани од тротоарите и поставени пред зградите, најчесто на паркиралиштата или на друга јавна површина. Дополнително надлежните институции најавија и санкции за граѓаните кои нема да го почитуваат новиот комунален ред, односно го одлагаат сметот на несоодветно место. Охриѓани пак не се согласуваат во целост со одлуката за дислокација на контејнерите од „Туристичка“. Според нив тоа нема да го реши проблемот со проодноста на велосипедските патеки, напротив, сметаат тие, дислоцирањето на контејнерите ќе предизвика друг проблем.