Советот на општина Охрид на утрешната седница треба да ја донесе одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти во претстојната сезона. Се предлага угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги да работат 2 часа подолго во деновите:
– 1,2,3,5,6 и 7.07.2013 година
– 2,3,4,9,10,11,23,24 и 25.08.2013 година.
Работното време на овие угостителски објекти се продолжува за 1 час во деновите:
– 12,13,19,20,26 и 27.07.2013 година
– 16 и 17.08.2013 година
– 6 и 7.09.2013 година
– 11 и 12.10.2013 година
– 8 и 9.11.2013 година
– 6 и 7.12.2013 година












