Фудбалскиот клуб Евертон со доживотна забрана за влегување на Гудисон Парк го казни навивачот, кој со своето дете во рацете нападна еден фудбалерите на Лион во текот на мечот во фазата по групи во Лигата на Европа.

„Карамелите“ реагираа експресно, драстично и немилосрдно го казнија навивачот кој без никаква потреба и причина се замеша во гужвата која ја створија самите фудбалери.

Евертон случајот го пријави во полиција, а УЕФА покрена постапка против клубот поради лоша организација и напад од трибини на противнички фудбалер.

OhridNews