Клубот од Гудисон Парк, Евертон се впушти во голема офанзива на трансфер пазарот доведувајќи неколку нови имиња во своите редови.
Нов играч во составот на Евертон е капитенот на Велс, Ешли Вилијамс кој меѓу „карамелите“ доаѓа до екипата на Свонси.
Во завршни преговори клубот од Ливерпул е со Јаник Боласије од Кристал Палас кој за 30 милиони евра треба да премине на Гудисон Парк.
Средствата за овие два трансфери Евертон ги обезбеди со продавањето на Џон Стоунс во Манчестер Сити за рекордни 47 милиони фунти.
Од сезонава Евертон ќе има и нов тренер, а тоа е Роналд Куман кој најавува подобри времиња во клубот кој секогаш е во горниот дел од табелата.
OhridNews