Екипата на Евертон на крилата од Стивен Нејмсит пред своите гледачи со 3-1 го совлада актуелниот првак во Англија, Челси.
Нејсмит кој во игра влезе од клупата во 9-та минута на местото од повредениот Мухамед Бешиќ ги постигна трите погодоци.
Тој погодуваше во 17-та и 22-та минута, надежта за поволен резултат за „сините“ ја врати Немања Матиќ пред крајот на првиот дел, а печат на победата Нејсмит стави во 83-та минута.
По пет одиграни натпревари во Премиер лигата тимот на Челси има нанижано три порази и со една победа и реми се наоѓа на 15-та позиција на табелата.
Мх.П.