Манчестер Јунајтед се изедначи со градскиот ривал Манчестер Сити на врвот од табелата во Премиер лигата, откако на домашен терен со 4-0 го совлада Евертон.
Дуелот на Олд Трафорд покрај евроголот на Антонио Валенсија со кој домаќините го отворија резултатот го одбележа и враќањето на Вејн Руни.
Најдобриот стрелец во историјата на Јунајтед имаше една прилика за погодок при резултат 1-0, но Давид де Геа го скроти неговиот удар.
Домашните фудбалери во последните десет минути ја осигураа победата со головите на Хенрик Мкхтаријан, Ромелу Лукаку и Ентони Марсијал.
Во дербито од 4-та рунда Челси и Арсенал ги поделија бодовите играјќи 0-0. Двете екипи имаа по неколку прилики за погодок, но мрежите мируваа на Стемфрод Бриџ.
Резултати: Челси – Арсенал 0-0, Мен Ју – Евертон 4-0
Табела: Мен Сити 13, Мен Ју 13, Челси 10, Њукасл 9, Тотенхем 8…
OhridNews