Лошата форма, голгетерскиот пост и ладните односи со Жозе Мурињо, може да го чинат Вејн Руни предвремен раскин на договорот со Манчестер Јунајтед.
Ако се случат најавите од британските медиуми, Руни ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а неговиот матичен клуб Евертон е една од опциите.
– Кој не би го посакал Руни во својот тим, без разлика што навистина се наоѓа во играчка криза. – рече менаџерот Роналд Куман и додаде. – Ова е само наша желба, но доколку се исполни ќе биде одлично за нас и екипата да имаме играч од таков калибар во составот.
Најдобриот голгетер во Англија, Руни се поврзува со трансфер и во Кина, но се уште фудбалерот се нема изјаснато за гласините кои кружат за неговата иднина.
OhridNews