МЈП Проаква од неодамна воведе новина за потрошувачите на вода, кои сега може да евидентираат состојба на броилото и да плаќаат сметки онлајн благодарение на новиот софтвер, што е голема предност за корисниците.

Еден од приоритетите на новото раководство на МЈП Проаква беше подобрување на квалитетот на услугите. Со оглед на фактот дека живееме во време на компјутери и дигитализација, воведовме софтвер за електронско плаќање на сметките се со цел поедноставување на самиот процес. Истиот го надградивме со можност за евидентирање на состојба од страна на потрошувачите како би се избегнало пролонгирањето на фактурирањето на фактичката состојба и генерирање на сметки со висок износ како импликација на нередовното читање односно фактурирање. Овој нов метод е од особено значење за викенд становите, односно за броилата каде што има попречена пристапност за читачките служби од било кои причини. – информираат од МЈП Проаква.

Плаќањето и евидентирањето можат да се извршат од било кое место во и надвор од државата. Потребно е само регистрација на веб страната: www.evodovod-ohrid.com.mk, која е бесплатна и едноставна. Потребна е ваша е-маил пошта и шифрата на корисникот (која е единствена и мора да биде точно внесена), а  која е впишана на сметката над името и презимето на корисникот. Доколку направите грешка при внесување на потребните податоци истата постапка може да се повтори. За подетални информации околу новите услуги можете да се обратите на тел броеви 046 250 120 (лок117) и 046 230 020, појаснуваат од Проаква.

OhridNews