На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со електрична енергија, спроведе постапка за набавка во два лота: за 70% и за 30% од вкупно потребните количини.
За лотот што опфаќа 70% од планираните количини, најповолна понуда достави АД ЕСМ, со цена од 65 евра за мегават-час (MWh). За преостанатите 30% од потребните количини, најповолна понуда достави АД ЕСМ, со цена од 74 евра за мегават-час (MWh), информираат од ЕВН Хоме.
Посочуваат дека под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ќе ја пресметаат цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
OhridNews












