Министерството за внатрешни работи во координација со ЕВН, започна организирани активности за откривање и санкционирање на кражби на струја, како и лица кои сторат зад овие кривични дела.
 
„По претходно поднесени пријави од ЕВН Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, а заради постоење основано сомневање за неовластено користење на електрична енергија, МВР во заедничка координирана акција со пријавителот и Бирото за метрологија поднесе осум кривични пријави за сторени кривични дела Кражба, против девет лица од Скопје“, рече денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Од МВР најавуваат продолжување на ваквите акции во наредниот период на целата територија на Македонија.

OhridNews
извор: Makfaks