ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол. Во текот на овие 11 години ЕВН и Хидропол ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци.

Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои исто така се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 МЊ, што претставува зголемување за 10%, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова Хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 ГЊх електрична енергија.

Од ЕВН Македонија потенцираат дека ја негуваат културата за заштита на животната средина и затоа постојано вложуваат во модернизирање и градење на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи ресурси.

OhridNews