ЕВН Македонија деновиве продолжи со акцијата за исклучување на нередовните потрошувачи во регионите каде нема зголемување на наплатата и намалување на загубите.
Екипи на ЕВН се присутни и во Струга, каде меѓу другото без струја пред два дена остана и управната зграда на МЈП „Проаква“.
Покрај во Струга ЕВН презеде акција за исклучување на должниците и во повеќе други градови и села во Западна Македонија, а на некои места поради отпорот на месното население побарана е асистенција од полицијата.












