ЕВН Македонија и оваа година е подготвена да ја дочека зимата, со цел справување со предизвиците и сигурното и навремено снабдување на корисниците со електрична енергија. Тимовите за интервенција се целосно се опремени и подготвени, додека севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции.

Како што информираат од ЕВН Македонија, во првата половина на оваа година направена е инспекција на 21 000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7 730 трафостаници во земјава.

ЕВН интервенираше на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 106 км среднонапонска и на 104 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1900 делумно оштетени столбови. Коригирано е заземјување на 260 столб од среднонапонската мрежа и на 30 ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа и на ТС 10(20)/0,4 кВ.“ – велат од ЕВН Македонија.

Во првата половина од оваа година е изградена нова надземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во должина од 58км и 70км нова подземна кабловска мрежа на ниско и средно напонско ниво.

За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и набавени се нови 44 возила за движење во тешко пристапни места. Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава  со што на располагање е ставена целата механизација.“ – додаваат од ЕВН Македонија.

Исто така, ангажирани се околу 300 електромонтери се во тимовите за брзи интервенции, а уште 400 може дополнително да се ангажираат. Во случај на големо невреме и опасност по мрежата според договорите со надворешни компании, може да се вклучат дополнителен број на  електромонтери.

Сите овие активности на ЕВН, се насочени кон успешно справување со предизвиците на зимата.

Останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетричната енергија.

OhridNews