„Овој свет подеднакво им припаѓа на сите и сите имаме обврска да ги препознаваме потребите за да го направиме подобро место за живеење“, изјави Ленче Карпузовска, раководител за комуникации во ЕВН Македонија.
Наградата беше доделена во рамки на манифестацијата „Различни а еднакви“ од страна на министерот за правда, г-н Блерим Беџети.
Од страна на владини претставници, на лицата со хендикеп од Македонија им беа доделени награди за покажани резултати и постигнати успеси во одредена област, што претставува посебен стимул за овие лица, за нивно целосно вклучување во сите сфери на општественото живеење.