Под мотото: “Секое старо лице има право”, Црвениот крст на Република Македонија од 17 до 24 ноевмри 2012 ќе ја одбележи ,,Неделата на грижа на старите лица“.


ЕВН Македонија и годинава ги подржува активностите на Црвениот крст на Р.М. и Министерството за труд и социјална политика во насока на помош на оваа категорија граѓани. За 2000 стари лица кои ќе ги посетат штандовите на Црвениот крст ширум земјава и ќе направат проверка на нивото на шеќерот во крвта, ЕВН Македонија донира ленти и игли за земење на крв. Во склоп на активностите ќе се распределуваат и едукативни материјали на македонски, албански и ромски јазик за поддигнување на свеста на населението за правата и потребната грижа и помош на старите лица.

Долгорочната соработка помеѓу ЕВН и Црвениот крст продолжува со проектот за Заеднички развој на заедницата кој е насочен кон активностите за помош на социјанло ранливата ромска заедница во Општина Шуто Оризари.

OhridNews