Од ЕВН Македонија информираат дека се отстранети дефектите во најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион.

–    Во текот на вчерашниот ден нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во село Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа, велат од ЕВН.

Од компанијата додаваат дека на санирање на прекините во снабдувањето со елкектрична енергија на терен работат над 230 електромонтери. Екипите ќе останат на терен се додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија, а ќе бидат распоредени и дополнителни екипи за интервенции во нисконапопнската мрежа за време на претстојните божикни празници.

OhridNews