Од ЕВН Македонија информираат дека се подготвени за зимата. Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции, велат од компанијата.


Направена е инспекција на 13 000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 9 000 трафостаници во земјава. Се интервенираше на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 156 км.  среднонапонска и на 120 км. нисконапонска мрежа. Заменети се над 2000 столба на средно и нисконапонско ниво, а санирани се над 2500 делумно оштетени столбови. Последните 9 месеци е изградена  100 км. нова кабловска дистрибутивна мрежа на ниско и среднонапонско ниво и заменети се над 60 км. стар кабел со нов со поголем пречник за подобро снабдување на корисниците, соопшти ЕВН.

За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и возила за движење во тешко пристапни места. Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава. На располагање е ставена целата механизација, но при евентуални непогоди таа може двојно да се зголеми со дополнителни санки, скутери и други тешки зимски возила од компании со кои ЕВН има рамковни договори за користење.

За претстојната зима ЕВН ахгажира и околу 300 електромонтери за тимовите за брзи интервенции, а постои можност дополнително да бидат ангажирани уште 400 електромонтери.

Од ЕВН упатуваат апел до граѓаните за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетрична енергија.

OhridNews