Најдобра понуда, сигурно снабдување, прецизно планирање, поддршка и партнерство се главните адути на новата компанија „ЕВН Снабдување“. Во своето портфолио на услуги, освен експертиза ќе понуди и услуги кои на компаниите ќе им обезбедат најдобри решенија според нивните потреби и специфики.

Компанијата располага и со стручен тим, менаџери за клучни корисници, кои преку директен контакт со компаниите овозможуваат навремена и стручна услуга, што на компаниите ќе им овозможи стабилен развој на нивните бизниси.

„За промените на пазарот се подготвувавме подолг период и веќе добро ги познаваме компаниите и нивните потреби. Ќе понудиме беспрекорна поддршка и сервис. Нашата понуда е и ќе остане транспарентна, бидејќи тоа е еден од клучните фактори за успех на слободниот пазар. Имаме знаење и ресурси и нудиме фер цена за енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа остануваат и натаму регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика.“ изјави Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

По влезот на „ЕВН“ во Македонија, паралелно со другите процеси, започна и градењето на тимот за корисници, кој со искуството и знаењата на „ЕВН Групацијата“ темелно се подготвуваше за стартот на слободниот пазар. Овој тим е основата на „ЕВН Снабдување“ и продолжува да ги гради и јакне односите со компаниите на пазарот и својата лидерска позиција на енергетскиот пазар. Огромна поддршка во овој период на подготовки и едукација „ЕВН Снабдување“ има од колегите од „ЕВН Групацијата“, која има искуство во работењето на слободен пазар. 

„Со околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји „ЕВН Групацијата“ има логистика, искуство и знаење на либерализирани пазари, што е голема поддршка за новата компанија. Истовремено тоа е и предност пред другите конкуренти. Искуството од другите пазари на нашата групација покажуваат дека за успех на слободниот пазар најважни се јасни правила на игра и исполнување на одредени предуслови. Убеден сум дека компаниите ќе ги препознаат овие атрибути на „ЕВН Снабдување“, изјави Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“.

„ЕВН Снабдување“ поседува и лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика, што е дополнителна гаранција за сериозниот пристап на пазарот, информираат од ЕВН.

OhridNews