Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците. Во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот, соопшти компанијата.
Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фрекфенцијата на корисници во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање. Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар. – информира ЕВН.
За сите останати информации и услуги корисниците може да ја посетат веб страната на ЕВН: www.evn.mk, да пратат допис на: [email protected], да ги користат онлајн услугите на: www.evnonline.mk или на корисничкиот портал: www.evnonline.mk.
Без да се регистрираат може да се пријават за електронска фактура брзо да платат фактури. Со регистрација на профилот достапни се услугите: проверка и плаќање на долгови преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање за потврда за успешно плаќање. Корисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство, поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична односно индивидуална одговорност. – стои во соопштението.
OhridNews