Робин ван Перси со погодок од пенал против Стоук го прекина постот од 13 натпревари без постигнат гол. После реализираниот пенал Холанѓанецот се залета кон менаџерот Сер Алекс Фергусон и скокна во неговите прегратки.

Францускиот интернационалец Патрис Евра во неколку наврати сакал така да се израдува, но премногу го почитува менаџерот и неможе “толку да се опушти“.

– Многу пати сум сакал така да прославам погодок, но неможам бидејќи нашиот менаџер ни е повозрасен. Затоа јас никогаш така би скокнал така кон Фергусон – рече Евра.

Јунајтед во 32-та рунда од англискиот шампионат гостува во Лондон, кај екипата на Вест Хем.

Мх.П.