Има напредок во поглед на грижата за светското природно и културно наследство вели Евроамбасадорот Дејвид Гир во видео интервјуто на OhridNews, но потенцира многу повеќе е потребно. Посебно важна е добрата соработка на секое ниво, меѓу централната власт и локалната власт, локалните авторитети, цивилни организации, бизнисите и обичните граѓани.
Треба да се осигураме дека живеењето тука е одржливо. Треба да го зачувуваме прекрасното историско и уметничко богатство на овој град и Охридското Езеро и за идните генерации. Но, истовремено согледуваме дека ни требаат компании да инвестираат. Имаме голем број компании од Европската Унија, особено од Германија, меѓу другите кои инвестираат, ние самите и Европската Унија се обидуваме да направиме што можеме, да ја заштитиме животната средина и да го заштитиме наследството, но исто така и инвестициите тука, потенцира Гир.
OhridNews