Фудбалската школа на Еврофудбал од Охрид, генерација за фудбалери 1999/2000 предводена од тренерот Гони Мерко одигра серија пријателски натпревари, со “Академија Пандев“.  Околу 30 членови на школата отпатуваа во Струмица каде има можност да спарингуваат со своите врсници.


Гостувањето во Струмица беше едно големо искуство за овие млади фудбалери кои ги прават првите чекори на фудбалските терени. Нашата цел и пракса сигурно ќе биде и во иднина да одиграме пријателски средби преку кои фудбалерите ќе ги учат сите елементи на фудбалската игра – вели тренерот на охриѓани, Гони Мерко.

Охридската експедиција беше задоволна од она што го виде во Струмица и од начинот на кој функционира “Академија Пандев“.

Се работи професионално, иако тие се во почетна фаза пријатно сум изненаден од нивниот квалитет, селектирни се фудбалери од поширокиот источен регион.  Директор на школата е Илија Матеничаров кој е творец на генерацијата на Пандев, a кооридинaтор на школата e поранешниот селектор во 19 години Југослав Тренчевски. Во Академијата има 13 тренери а во неа членуваат околу 300 деца – вели Мерко, кој искажа  благодарност до охридската локална самоуправа за помошта околу организацијата за превозот.


Струмичани пак со огромно задоволство прифатиле да играат пријателски средби со охриѓани кои се прикажале во одлично светло. 

Според зборовите на Матеничаров изненадени се што имале можност да играат со вака добра екипа, а како што тие велат поквалитетна школа од западниот дел на Македонија досега нема таму гостувано – истакна Ице Стојаноски еден од спонзорите на Еврофудбал.

На прав пат е Еврофудбал да ја продлабочи соработката со “Академија Пандев“  а неколку фудбалери од Охрид ќе заминат со школата при нивните гостувања и мечеви кои ги организираат надвор од Македонија.


Нашата заедничка цел е да произведуваме фудбалери кои ќе играат надвор од границите на  Македонија – завршува Гони Мерко.

Мерко кој долги години работи со младите категории е познат по тоа што организираше натпревари и гостувања на младите категории во Албанија, Србија, Шпанија, најави дека и во иднина ќе се продолжи тој тренд на соработка со фудбалски школи во и надвор од Македонија.

М.Постоловски