Успешен настап на охридските фудбалски екипи на Јонатан купот кој се играше во Ниергиза, Унгарија. На собирот на кој охриѓани заминаа благодарение на одличните релации на Данчо Целески со својот поранешен клуб, кој патем е еден од најголемите во Унгарија кој годинава се одигра во 33 пат, учествуваа околу 70 екипи во осум различни категории од Русија, Украина, Латвија, Романија, домаќинот Унгарија и Македонија.


Фудбалерите на Охрид генерација 1996 година, предводени од Аце Вељаноски во својата конкуренција играјќи против тимовите на унгарските Нирсули, Демешер и Шепел,  украинската Буковина и Ц репрезентацијата на Унгарија, забележаа три победи едно реми и еден пораз што беше доволно за третото место. Голманот на сините Мартин Стабаковски беше прогласен за најдобар во таа конкуренција.


Фудбалерите на Еврофудбал генерација 2000, предводени од Гони Мерко, откако нанижаја серија победи во својата група беа сопрени од унгарскиот Нирсули во финалето со 3-0. Фудбалерот на Еврофудбал Адем Адем, беше прогласен за најдобар во оваа конкуренција.

М.П.