Миланските „црвено црни“ забележаа голема победа во Серија А совладувајќи го шампионот Јувентус во дербито со минимални 1-0.
Со триумфот пред своите гледачи екипата на Милан стави точка на „црно белата“ доминација во меѓусебните пресметки.
Херои на Милан се тинејџерите Мануел Локатели кој постигна маестрален погодок и голманот Џиџи Донарума кој имаше неколку бравурозни интервенции.
Со трите бодови од дербито Милан се доближи на два од лидерот на табелата Јувентус и се одлепи три од Рома која има меч помалку.
Во првиот меч од 9-та рунда Сампдорија во градската пресметка ја совлада Џенова со 2-1.
OhridNews