Селекцијата домаќин на 15-то Европско првенство во фудбал, Франција со триумф (2-1) над Романија ги отвори мечевите и возбудувањата од континенталниот собир.
„Триколорите“ до трите бодови први во групата стигнаа со евроголот на Димитри Пајет во 89-та минута од натпреварот.
Претходно, домаќините преку Оливие Жиру во 57-та минута стигнаа до водство, а романците со гол од пенал осум минути подоцна го израмнија резултатот.
Во вториот меч од А групата ќе се сретнат Албанија и Швајцарија. Мечот ќе се одигра во 15 часот.
Мх.П.