Селекцијата на Србија е се подалеку од пласман на местата кои водат на Европското првенство во Франција по поразот од Португалија 2-1.


Победата на „европските бразилци“ не ја донесе Кристијано Роналдо или пак Нани туку одбранбениот двоец Рикардо Карваљо и Фабио Коентрао.


На „орлите“ не им помогна ниту маестралниот погодок на Немања Матиќ, кој со сигурност ќе се најде во потесниот избор за гол на годината.


Резултати :

Група Д : Грузија – Германија 0-2, Шкотска – Гибралтар 6-1, Ирска – Полска 1-1.

Табела: Полска 11, Германија 10, Шкотска 10, Ирска 8, Грузија 8, Гибралтар 0.

Група Ф : Северна Ирска – Финска 2-1, Романија – Фарски Острови 1-0, Унгарија – Грција 0-0.

Табела : Романија 13, С. Ирска 12, Унгарија 8, Финска 4, Фарски Острови 3, Грција 0.

Група И : Португалија – Србија 2-1, Албанија – Ерменија 2-1.

Табела : Португалија 9, Данска 7, Албанија 7, Србија 1, Ерменија 1.

Мх.П.