Лондонските премиерлигаши, Челси и Арсенал прокнижија нови три бодови на табелата после минималните победи (1-0) над Саутемптон односно Њукасл на домашен терен.

Творец на победата на „сините“ беше Марк Алонсо со маестрален погодок од слободен удар, додека човек на одлука за „топчиите“ беше Месут Озил кој постигна еврогол за победа.

Резултати: Лестер – Кристал Палас 0-3, Арсенал – Њукасл 1-0, Брајтон – Барнли 0-0, Челси – Саутемптон 1-0, Ватфорд – Хадерсфилд 1-4, Стоук – Вест Хем (17ч), Мен Сити – Тотенхем (18:30ч). 

OhridNews