Јадранската АБА лига официјално ја прифати понудата од Евролигата потпишувајќи договор за соработка следните четири години.

Шампионот во АБА лигата следните четири сезони обезбедува директно учество во групната фаза во Евролигата, а учесниците на завршницата ќе играат во Еврокупот.

Со договорот меѓу АБА и Евролигата конечно се стави точка на шпекулациите околу иднината на Јадранската лига.

Следната сезона откако Мега Лекс се откажа од настапите во еврокуповите престанвник во Евролигата ќе биде Црвена Ѕвезда, а Купот на Европа ќе се пласираат Будуќност, Цедевита и Партизан.

OhridNews