Македонскиот интернационалец во редовите Фенербахче, Перо Антиќ беше гостин во специјалната емисија на Евролигата која ги навраќа кошаркарските ѕвезди во минатото.
Антиќ во емисијата говореше за фамилијата, за своите кошаркарски почетоци, за односот со својот татко и за притисокот со кој би се соочиле неговите деца ако ја изберат кошарката.
– Мојата мајка беше ракометарка, а татко ми беше професионален кошаркар во Југославија 14 години. Исто така и мојот брат беше кошаркар, но рано се повлече. Татко ми имаше освоено многу трофеи и медали, но тие не постојат повеќе не постојат зошто јас и мојот брат ги користевме како играчки. Во тоа време едноставно не знаевме што се тие и си игравме. Мојот татко по крајот на кариерата беше многу зафатен, работеше за големи компании, патуваше, па кога ќе се вратеше ќе ни кажеше: добро, уништивте уште еден трофеј! Епа, извини тато, ќе ти дадам некој од моите. Почнав да играм кошарка затоа што другите деца почнаа да играат, јас не бев нешто загреан. Видов дека многу деца од соседството почнаа да играат, па си си реков ајде ако одат тие ќе одам и јас. Татко ми не ме притискаше да станам кошаркар, на пример тој има дојдено на само десет натпревари во мојата кариерата затоа што е многу зафатен, бев две години во НБА-лигата, а тој не дојде да ме гледа. Нема да ги терам моите деца да се занимаваат со овој спорт само затоа што јас сум кошаркар, затоа што тие би имале голем притисок во нашата земја. Знаете, на Балканот вообичаено мора да бидете подобри од вашиот татко. Јас до сега имам прилично добра кариера и знам дека ќе имаат голем притисок. – рече во емисијата Антиќ.
Поранешниот македонски репрезентативец во својата кариера има освоено две титули во Евролигата 2012 и 2013 со тимот на Олимпијакос.
Мх.П.










