Ракометарките на Норвешкаќе играат против Шпанија во финалето на Еврропското првенство. Норвежанските ја победија Шведска во скандинавскоот полуфинале со 29:25. Претходно Шпанија беше поуспешна од бранителките на титулата Црногорките со 19:18.


Норвежанките победата над Шведска ја најавија уште во раната фаза на натпреварот, кога во периодот од 7. до 16.минута со серија од 6:1, стигнаа до предност од 9:3. Во останатиот дел од натпреварот тие со рутинска игра ја одржуваа предноста и се изборија за пласман во своето петто финале на последните шест Европски првенства.

Норвешка доминираше во европскиот ракомет освојувајќи четири златни медали (2004, 2006, 2008, 2010), а нивната доминација беше прекината пред две години на ЕП во Србија кога златото го освои Црна Гора.

Локе со шест, Морк со пет и Корен-Ригелут со четири гола ја предводеа Норвешка до победата, додека Швеѓанката Гулден со девет голови беше најефикасна на натпреварот.

Норвешка во финалето (недела, 18 часот), во реприза на завршниот меч од ЕП во 2008 година, ќе игра против Шпанија, додека Шведска три часа порано против Црна Гора ќе го одигра мечот за третото место.

„Макфакс“