Британскиот европарламентарец и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит е во тридневна посета на земјава. За време на посетата предвидено е Ховит да оствари средби со државниот и политички врв на кои ќе разговара за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија годинава.

Македонија по петти пат од ЕК доби позитивна препорака за старт на пристапните преговори со Унијата, одлука по која треба да се произнесе Европскиот совет кон крајот на годината. Минатите препораки на ЕК не завршија позитивно за Македонија, пред се поради немањето консензус во Советот и противењето на Грција на земјава да и се одобрат пристапни преговори со Унијата.

OhridNews

извор:Макфакс