Од денес до 10 мај Охрид е домаќин на јубилејната 50. Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот.

Како што беше потенцирано на одржаната Владина седница, Министерството за внатрешни работи организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан.

Организирањето на конференцијата доверена на Република Северна Македонија се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј – 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство, информираше претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

СВР Охрид со безбедности мерки насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делегации.

Портапаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски имаформираше дека полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе презема засилено сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот.

Мерките ќе значат непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности при што, нема значително стопирање на нормалното одвивање на сообраќајот бидејќи, предвидено е последователно и непречено пропуштање на останатите возила во сообраќајот, потенцира Димоски.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и другите локации.

OhridNews