– Уште од основањето пред 50 години, фестивалот „Охридско лето“ концептуално ги содржеше во себе клучните заложби на Европската фестивалска асоцијација – подигање на јавната свест за важноста на улогата на фестивалите како средства за придвижување на мултикултурниот дијалог и алатки за пренесување на културните збиднувања до сите општествени слоеви“ се вели во писмото што до Дирекцијата на фестивалот го испрати генералниот секретар на ЕФА, Катрин Девентер.
Во писмото уште стои дека Фестивалот „Охридско лето“ е важен партнер на ЕФА и како нејзин член од 1994 година, активно придонесува во реализацијата на проектите и активностите во рамките на Европската фестивалска асоцијација.