Екипата на Алкалоид е освојувач на ЕХФ Европскиот КУП, одлучи дисциплинското тело на Европската ракометна федерација – ЕХФ која го регистрираше реванш натпреварот од финалето на ова натпреварување со службен резултат од 10:0 во корист на македонскиот претставник, откако екипата на АЕК одби да го одигра мечот под притисок на своите навивачи.
Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен.
Судот одлучил следново:
- Резултатот од реваншот од финалниот натпревар на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, помеѓу РК Алкалоид и РК Атина, е 10:0 и 2:0 бода.
- Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 29:25.
- РК Алкалоид затоа е победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула.
- Секоја жалба против овие одлуки нема да има никаков ефект на суспензија.
- Донесената одлука се однесува само на аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек.
- РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена.
На овој начин заврши двонеделната сага околу неодиграниот реванш од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, а Алкалоид сосема заслужено се искачи на тронот на Европа, што е историски успех за клубот и македонскиот ракомет воопшто. Честитки за извонредното постигнување на Алчкалоид упати и ГРК Охрид.
Честитки до екипата на Алкалоид за освојување на ЕХФ Европскиот Куп! Ова е голем успех за македонскиот ракомет. – стои во честитката на ГРК Охрид.
Г. Момироски