Со богата и разновидна програма Национална установа Музеј „Д- р Никола Незлобински“ Струга ќе ги одбележи Европските денови на културното наследство.
Денес со почеток во 14 часот ќе биде прикажана Ревија на етнолошки документарни филмови од Никола Евров- виш кустос етнолог во Спомен дом на браќа Миладиновци.
Утре ќе се одржи едукативна работилница „Инсектариум“ со предавачите Данче Аџиоски, виш кустос биолог ботаничар и Сејмира Дибра Ќура, кустос биолог зоолог. Работилницата ќе започне во 14 часот во Спомен домот на браќа Миладиновци.
Во петок предавачите Цветлана Василевска, виш кустос археолог и Светлана Наумоска, кустос археолог ќе одржат едукативна работилница: „Вовед во археологија за младите истражувачи” во дворот на управна зграда на Музеј Струга со почеток во 14 часот.
Од Националната установа Музеј „Д- р Никола Незлобински“ информирата дека од 23-ти до 29-ти септември слободен е влезот во сите поставки на Музеј Струга.
OhridNews