Министерството за образование и наука информира дека во организација на Македонското здружение на хумана генетика се оддржува натпревар за најдобар есеј од областа на генетиката, спонзориран од Европското здружение за хумана генетика.

Подетални информации за натпреварот можат да се најдат на њеб страницата (www.eshg.org и www.dnaday.eu).
Од надлежното министерство ги повикуваат средношколците да се пријават на натпреварот во што поголем број со цел да се обезбеди масовно учество на претставници од Република Македонија.

Краен рок за поднесување на творбите е 1 ви март 2012 година.

OhridNews