Македонските фудбалски надежи до 19 години ги дознаа противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во Финска.

„Црвено жолтите“ се наоѓаат во втората група заедно со европскиот шампион Англија и селекциите на Унгарија и Летонија.

Пласман на континенталниот собир во Финска ќе обезбедат победниците од седумте квалификациски групи.

Групите:

Група 1: Германија, Холандија, Норвешка, Шкотска

Група 2: Македонија, Англија, Унгарија, Летонија

Група 3: Чешка, Италија, Грција, Полска

Група 4: Романија, Украина, Шведска, Србија

Група 5: Португалија, Република Ирска, Словачка, Косово

Група 6: Шпанија, Франција, Белгија, Бугарија

Група 7: Данска, Австрија, Турција, Босна и Херцеговина

OhridNews