Првакот на јубилејното 20-то издание на првата македонска фудбалска лига, Вардар и официјално ќе ја преставува Македонија, во Лигата на Шампиони. Прашината која се крена околу лиценцата за евронастап на Вардар, доживеа крај.


– По доставувањето на дополнителните докази од страна на ФК Вардар АД – Скопје до Фудбалската Федерација на Македонија, истите беа доставени до администрацијата на УЕФА на одобрување. УЕФА изврши детален преглед на доставената документација согласно барањата од Правилникот за лиценцирање и потврди дека ФК Вардар АД – Скопје ги исполнува истите.За таа цел одлучи да му одобри учество во нејзините натпреварувања за сезона 2012/13 – стои во дописот на ФФМ.

“Црвено црните“ походот во Лигата на Шампиони, ќе го започна од првото квалификациско коло. Шкендија, Ренова и Металург остануваат да се натпреваруваат во Лигата на Европа.

Мх.П.