Најголемиот и најмасовниот спортски настан во нашиот град „Охрид трчаТ“ доби големо признание, откако Европската атлетика му додели сертификат со три ѕвезди за квалитет на трка и организација.

Рангирањето со три ѕвезди само по себе претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, така што Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ уште со второто издание успеа да ја подигне спортската манифестација Охрид трчаТ на Европско ниво.Европската атлетика има изградено систем на вреднување и оценување на настани и организации и тој го вреднува со една, три и пет sвезди.

  • Нашето препознавање од Европската атлетика како настан и организација дополнително не мотивира да ја градиме спортската манифестација Охрид трчаТ заедно со сите партнери, пријатели, волонтери, соработници и поддржувачи на уште повисоко ниво и веќе од 2020 година да успееме да ги добиеме максималните 5 sвезди за квалитет на настан. За нас како организатори на трката, сертификатот за квалитет на трка и организација претставува голем мотив за иднината на настанот, за кредибилитетот наш, за професионализмот. Дополнително овој сертификат обезбедува сигурност за тркачите, за сите учесници, што сигурно ќе овозможи да бидеме уште повеќе прифатени од тркачката заедница, граѓаните и сите подржувачи. – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Следното трето издание на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 2 јуни, а пријавувањето со многу новитети и изненадувања ќе започне во најскоро време.

OhridNews