Првите денови од Европското првенство во фудбал во Франција поминуваат во знакот на хулиганите, нивното дивеење и меѓусебните пресметки во центарот од градовите, а падна и првиот човечки живот.


20-годишен навивач на Северна Ирска му подлегнал на повредите по пад од осуметарски мост во градот каде што се натпреваруваат неговите миленици.

Француската полиција веднаш објави дека на починатиот навивач нема траги од насилство и дека 20-годишниот жител на Северна Ирска починал од несреќни околонсти.

Истата информација ја потврдија и островските медиуми, по што ја смирија еуфоријата која трае поради навивачите нереди во Франција.

OhridNews